Вечерва граѓаните излегоа втор ден на протест против францускиот предлог и за заштита на македонските национални интереси, македонскиот јазик, историја и култура.
Премиерот Димитар Ковачевски во неколку наврати вели дека е време за носење мудри одлуки и оти имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно израени ставови и за тоа не треба да имаме никакви дилеми.
Но, мнозинството граѓани сметаат дека е доста од понижување на македонскиот идентитет и народ, како и дека е време за оставка и предвремени парламентарни избори.
Ова се дел од коментарите на граѓаните:
Инаку денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека се откажува од предвремени избори, само Ковачевски да каже НЕ за францускиот предлог, но, по се, народот сепак смета дека е време за заминување на актуелната Влада и што поскоро предвремени избори.
Но, секако има и граѓани кои ги поддржуваат политиките на власта и не го делат истото мислење.