epa10178061 The hearse carrying the body of Britain's late Queen Elizabeth II from Balmoral arrives in Edinburgh, Scotland, Britain, 11 September 2022. The arrival of the hearse carrying Queen Elizabeth II marks the first stage of the journey towards London. Britain's Queen Elizabeth II died at her Scottish estate on 08 September 2022. EPA-EFE/TOLGA AKMEN
Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Единбург, по шестчасовно патување од нејзината летна резиденција во шкотските висорамнини, а ја испратија десетици илјадници ожалостени, многумина во тишина, некои ракоплескаа, а некои во солзи.
Малку по 11 часот, возилото со дабовиот ковчег ги напушти портите на замокот Балморал, каде кралицата Елизабета почина во четвртокот на 96-годишна возраст и отпатува кон шкотската престолнина.
Ковчегот беше обвиен со шкотско кралско знаме со венец од цвеќе набран на имотот Балморал.
Голема толпа се собра во центарот на Единбург Ð �а да ја пречека поворката, во која беше и ќерката на кралицата, принцезата Ана, на пат кон палатата Холирудхаус, каде што ја пречека почесна воена стража.
Војниците на кралскиот шкотски полк потоа го однесоа ковчегот во салата со престолот во палатата, каде што ќе остане во текот на ноќта.