Се официјализира ли коалицијата меѓу Левица и ДУИ?
Во јавноста повторно се отвори прашањето за можно коалицирање меѓу политичките партии Левица и ДУИ. Сè почесто се појавуваат индиции дека меѓусебната соработка станува сè поочигледна и преминува од неформална во реална политичка коалиција.
Средби на повеќе нивоа
По честите усогласени настапи во Советот на Град Скопје додека градоначалничка е Данела Арсовска, но и во Собранието, сега се појави нова фотографија што дополнително ги поттикна сомнежите. Да потсетиме, во просториите на Собранието беше забележана средба меѓу потпретседателот на НАИ, Муса Џафери, и пратеник на Левица, Реџеп Исмаил Хактан на која се разговарало за можностите за локална соработка.
Кафе средба во Тетово
Се појави нови фотографија од Тетово каде Катка Божиновска, кандидатка на Левица за градоначалник на Тетово пие кафе во друштво на Ардит Исмаили, ПР на ДУИ кој работел за Бајрам Реџепи и Теута Арифи. Според изворите, средбата минала во пријателска атмосфера, а се разговарало за можност за заедничко делување во вториот круг на изборите и натамошна координација во Советот на Општина Тетово.

Се отвора прашањето: Дали конечно паѓаат маските за коалицирањето меѓу ДУИ и Левица?
