Правдата е задоволена, а МВР работи во интерес на граѓаните. Лицето кое вчера го запали македонското знаме и со тоа ги сквернавеше националните симболи за време на прославата на Денот на албанското знаме е уапсен и однесен во затворот „Шутка“.

Скопската полиција експресно го реши лицето кое се снимаше како го пали државното знаме на Република Македонија. Полицијата врз доказите кои ги има од видео материјалите му изрекла и мерка притвор од 30 дена.

Осмничениот е во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, а според кривичното дело може да лежи затвор до пет години.

Обид за дестабилизација преку дивеење: Мицкоски и Тошковски децидни дека се работи за мала група која сака да предизвика етнички тензии

Според информациите лицето било експресно лишено од слобода од скопската полиција, и заедно со докази како го пали државното знаме на Македонија против него било поднесена кривична пријава, а му била изречена и мерка притвор во траење од 30 дена, по што веднаш осомничениот веднаш бил однесен во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

(ВИДЕО) Страшни глетки низ Скопје: Палење и уништување македонско знаме, рафални пукотници, огномети, провокации

Според информациите на министерот Тошковски станува збор за млади лица кои се уапсени. Најстариот од нив има 21 година.

Инаку, според Кривичниот законик на Република Македонија, за вакво кривично дело предвидена е затворска казна во траење од пет години.