Македонското еколошко друштво (МЕД) објави дека лоцирало нова женка рис, која била пронајдена во кафез-стапица поставен пред само три дена. Рисицата по име Луна беше лоцирана на планината Буковиќ во близина на Стража, објави СДК.


(Фото: МЕД)

„Тешка е 16 килограми и е во одлична здравствена состојба“, објави МЕД на својата страница на Фејсбук.

Пред да биде пуштена, Луна беше прегледана и „обележана“ со околувратник, со што отсега ќе може да се следи нејзиното движење во природа.