Со ова се потврдува целата афера околу обидот на македонската Влада да набави кинески вакцини преку преку фирмата посредник “Старби”.
Во документот кој го покажа Мицкоски се гледа дека Министерството за здравство во месец февруари на фирмата Стабри интернешнл со седиште во Хонгконг уплатила 7.8 милиони евра за купување кинески вакцини. Со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинеле 65 долари, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На 13 март Министерството за здравство соопшти дека се лажни документите за наводна посредничка фирма при купување на вакцини и дека се работи за доверлива постапка од која излегуваат податоци и документи во јавноста.
Министерството за здравство тогаш соопшти дека „авансната уплата извршена за набавка на вакцината ‘Синофарм’, по барање на кинеското МНР беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на НР Кина“.