Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ слезе меѓу народот и така го започна својот говор на вечерашниот протест на опозицијата. Тој рече дека никогаш немало толку народ пред Владата и дека тоа е доказ дека Македонија е тука и оти е жива.
-Тргнуваме да ја освоиме победата што ни пропаѓа.Во Македонија се случува народ. Оваа одлучност за промени е толку голема што народот веќе нема што да загуби-рече Мицкоски на почетокот на својот говор.