Делегација од Македонија на IDEF 2025 – водечки меѓународен саем за иновации во одбранбена индустрија и безбедност
На покана од министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Ѓулер, денеска во Истанбул присуствуваат министри и генерали. Министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генерал-мајор Сашко Лафчиски се дел од меѓународен саем за одбранбена индустрија IDEF 2025.
Саемот IDEF 2025 се смета за еден од најзначајните во областа на одбранбената индустрија и безбедносниот сектор.
На настанот се среќаваат водечки воени компании, експерти и претставници од армиите на многу држави од светот.
Целта е размена на искуства, претставување на нови технологии и соочување со идни предизвици во безбедноста.