Апасиев одбегнува да плати паркинг кој чини 40 денари

Адвокатот Јанаки Митровски објави фотографија од џипот на лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој несоодветно го паркира својот автомобил. Митровски искрено му честиташе на Апасиев за новиот автомобил, но го предупреди следен пат да плати паркинг кој чини 40 денари.

Димитар Апасиев честитки, топ ти е џипчево, со здравје да си го возиш. Ова искрено го мислам бидејќи за разлика од тебе јас се радувам кога некој напредува, има, му иде, не барам да го запалат на клада за тоа. Само да те замолам од 3000 евра месечни примања да одвоиш 40 денари и да се паркираш прописно за да не не блокираш вака во маало, пишува адвокатот Митровски.

„Апасиев може да се качи на кафе“

Тој додаде со сатиричен коментар дека „Апасиев може да се качи на кафе“. Потсети за нивни соработки во минатото. Јанаки Митровски вели тој му пишувал кривични.

И следен пат качи се на кафе, не биди странец, уште сум на истото место кај што доаѓаше да ти пишувам кривични, пошто најјак правник нали, заклучува Митровски.

Објавата на Митровски може да ја погледнете во продолжение:

Тој објави и фотографија од Димитар Апасиев внатре во автомобилот.