Денеска остварив средба со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Разговаравме за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на европските интеграции, сеопфатните реформски процеси и зајакнувањето на институционалните капацитети, рече Мицкоски.
Средбата претставува силен поттик за понатамошно унапредување на партнерството и заедничките иницијативи во духот на европските вредности, додаде во објавата.
