Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој е во официјална посета на Македонија.

-Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, објави премиерот Мицкоски.
Тој додаде дека потврдена била заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.
