Израел соопшти дека во напад е убиен Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, познат како таен владетел
Израел соопшти дека во напад е убиен Али Лариџани, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, познат како таен владетел. Сега, објавена е фотографија од моментот кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја дава наредбата за нападот.
„Премиерот Нетанјаху издава наредба за елиминација на високи ирански функционери“, пишува во описот на фотографијата објавена од канцеларијата на израелскиот премиер.
Photo: Prime Minister Benjamin Netanyahu ordering the elimination of senior Iranian regime officials. pic.twitter.com/av6rIqNOFt
— Prime Minister of Israel (@IsraeliPM) March 17, 2026
Според информациите објавени од Канал 12, атентатот врз Лариџани првично бил закажан за недела навечер, но бил одложен во последен момент.
Израелските власти биле информирани дека Лариџани ќе оди во еден од становите што ги користел како скривалиште, наместо во својот дом. Според истите информации, со него бил и неговиот син.
Според истиот канал, веднаш по бомбардирањето, израелски безбедносен извор наводно рекол за Лариџани:
„Нема шанси да го преживеал овој напад“.
