Ексклузивно ‼️
За прв пат во историјата, ексклузивно полициски огласи‼️
Се бара униформа, опрема, футроли, опасачи
Бидејќи Македонската полиција е свесна и не сака да тежи на буџетот на МВР, се користи еден стар потврден и ефективен метод – стоковна размена
Свечено се враќаме во феудализам, благодарение на програмата на Министерот за ЕВРОПСКА И ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА
Иако понудените артикли ќе бидат со поминат рок на траење со малку избледена боја можеби и со мали крпеници но нели “боље ишта него ништа”®️.
Се моли Министерство за внатрешни работи доколку има нешто заостанато по магацини да донира на огласите. Па нека е и со петокрака петли и ќе бидат заменети…. Доколку се најде чесен донатор и за нив!!!
Ај со среќа и аирлија да ни е ЗАДОВОЛНАТА ПОЛИЦИЈА ®️
Oliver Spasovski не ја барај веќе, ја пронајдовме, пишуваат Синдикат на полиција во Македонија – СПМ