Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп.
Претставнички на членките на Форумот на жени и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски положија свежи цвекиња и се поклонија пред споменикот Жена борец во Паркот на револуцијата.
Еднакви и моќни жени не е само слоган, еднакви и моќни жени е перспектива, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Осмомартовскиот марш кој во организација на Форумот на жени на СДСМ се одржа денеска во Прилеп
„Еднакви и моќни жени се потреба на државата, како што се потреба на светот. Затоа ја имате мојата почит сите кои бевте столбови во семејствата дома и борци на теренот – кога требаше да се добие една од најважните битки во современа Македонија, обновата на демократските вредности. Почит и кон сите определени кон рамноправност и еднакви човекови права, со што обезбедивме мир во нашата држава и успешно градиме Едно општество за сите, без разлика на какви било различности;кон сите вас кои сте и денес столбови на семејствата, но и столбови на државата –моторна, движечка сила, на прогресивна, современа атлантска и европска Република Македонија!“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека денес, во 21-от век, кога повторно мирот и безбедноста се на испит, светот повторно се сврти кон упорноста, трпението, разбирањето и љубовта, преку коишто жената, мудро, носи одлуки и наоѓа решенија за предизвиците.
Жената е херој и има посебна симболика кога ова го говорам во Прилеп – Градот херој, затоа што жените-хероини од Народно ослободителната борба, беа рамноправни партизани и родољуби, храбри и пожртвувани, еднакви и силни, кои со пушки в рака беа на браникот на татковината, порача генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ , на Осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ.
“Оваа саможртва е драгоцено наследство и нè задолжува сите нас многу повеќе да бидеме гласноговорници за родовата еднаквост. Треба повеќе да зборуваме и да делуваме за нашите секојдневни жени-хероини, знајни, но многу повеќе незнајни. Нив ги среќаваме дома, на работа, на улица, во продавница… тие се тие кои водат секојдневни човечки битки за себе, за семејството, за своите блиски. За жал, за нив малку се говори. Затоа, ние цврсто стоиме зад нив. Нашите политики стојад зад нив. Ние, социјалдемократите, сме нивниот глас, нивната поддршка, како што тие се наша инспирација и поддршка, секој ден“ истакна генералниот секретар.
Зечевиќ посочи дека СДСМ го слуша и цени гласот на жената и постојано работи на унапредување на роводата еднаквост.
Нема потежок пат од неизоден пат, но ние го изодевме, и бевме и ќе останеме гласни во име на сите оние кои не можат тоа да го сторат, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска од Осмомартовскиот марш.
Лукаревска потсети дека нееднаквоста се уште не е искоренета и дека промените и борбата за еднаквост на жената треба да се случуваат секој ден, на само на Меѓународниот ден на жената.
Жените се уште не се платени подеднакво како нивните машки колеги, жените се уште не се присутни во еднаков број во бизнисот и во политиката, а глобално, образованието и здравјето на жените е полошо од она на мажите.
Оттаму, и нам жените ни припаѓа да бидеме во Прегратката за еднаквост. Правото на еднаквост не е ексклузивно право, а прегратката е најразбирливиот збор на сите јазици во светот. 115 години од првиот женски марш во Њујорк, поттикнат од потребата на жената да биде еднакво вреднувана и почитувана се 115 години непрекинати промени. Имаме право на глас и сè повеќе нè има – благодарение и на незапирливиот порив на жената за сочувување на сопственото достоинство, но и на поддршката од паметните мажи“ порача во Прилеп заменик претседателката Лукаревска.
Речиси четврт век на организирано делување на жените во СДСМ преку Форумот на жени, се години исполнети со непрекината и бескомпромисна борба, која резултираше со бројни видливи и мерливи резултати на полето на родовата еднаквост, порача претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска во обраќањето на Маршот по повод 8 март што се одржа денеска во Прилеп.
Тренчевска истакна дека жените во СДСМ, за разлика од жените во другите партии, се еднакви со мажите и заедно учествуваат во носењето одлуки, но и потсети дека се уште има простор за унапредување на еднаквоста во партијата.
„Денес, гордо можеме да кажеме дека во органите и телата на партијата како и на кандидатските листи за пратеници и советници еднакво сме застапени со нашите другари. Имаме квота 50-50!
Денес, Парламентот и општинските Совети изгледаат сосема поинаку од пред две децении. Таму рамноправно сме застапени и подеднакво одлучуваме и ние жените за важните државотворни и животни прашања. За разлика од другите, жените од СДСМ подеднакво партиципираат и во извршната власт. Евидентно е слабото учество на жените како кандидатки за градоналнички, односно имаме само една жена избрана градоначалничка од нашите редови.
Недоволен е бројот и на жени претседателки на ОО. Недоволен е бројот на жени менаџерки.И токму ова се нашите предизвици за следно дејствување“ порача Тренчевска додавајќи дека борбата за родова еднаквост не смее да запре.