На Фејсбук страницата „Во одбрана на Буњаковец“ утрово се објавени фотографии од мртви стаорци. Граѓаните се жалат дека во овој дел од населбата има наезда на глодари.
Реакциите од граѓаните се за живи и за мртви стаорци кај паркингот помеѓу Т.Ц. Буњаковец и основното училиште „Ј.Х. Песталоци“, повикаа да реагира локалната самоуправа, градоначалникот Горан Герасимовски и општинскиот инспекторат.
„Живи и мртви. Граѓаните се жалат на присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг меѓу Т.Ц. Буњаковец и Општинско основно училиште „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје.
Фотографиите се од 17.09.2026.“ пишуваат граѓаните на страницата и ги повикуваат локалните власти да се справат со ситуацијата.



