Германската дога (Great Dane) Зевс е највисокото живо куче во светот. Станува збор за двегодишен пес кој се чува во Бедфорд, Тексас, САД, а е висок метар и 46 милиметри. Неговата висина е веќе Гинисов рекорд, официјално од 22 март.
Зевс јаде 12 чинии храна за кучиња дневно, а неговата сопственичка Британи Дејвис изјави дека отсекогаш сонувала да има вакво куче. Нејзиниот сон го исполнил нејзиниот брат кој ѝ го подарил Зевс кога кучето имало само осум недели.
– Тој беше големо куче и кога го добив. Дури и за едно „мало кученце“ имаше големи шепи, рече Британи.
Покрај стандардната храна за кучиња, Зевс понекогаш јаде и пржени јајца, а омилени му се коцките мраз. Тој веќе се прослави во својот град…
Претходниот рекорд за највисоко куче, исто така беше германска дога – Фреди, кој почина минатата година. Имаше о сум години и беше висок 103,4 см.
Највисокото куче на сите времиња беше исто така наречено Зевс – германска дога висока 111,8 см.