Утрово на повеќе локации низ Скопје осамнаа плакати со порака „Народ пати, Таче кеш млати“. Фотографиите од премиерот висат во Ѓорче Петров, кај Железничка, на „Бихачка“, под Кале…
Герила акцијата доаѓа после обелоденувањето на аферата „Броило“ поврзана со фирмата „Пиксел груп“, во која како коосновач се јавува токму Димитар Ковачевски, а е формирана заедно со неговиот пријател и кум Горан Паунов.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавија дека оваа фирма, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра и најавија обелоденување на други бизниси поврзани со соларниот картел, како дека еден ден откако Ковачевски станува мандатар за состав на нова влада на 29 декември минатата година, „Пиксел груп“ добива исплата на државна помош од над 203 илјади евра.