Навивачите на „Левски“ со јавија со порака за Алексеј Навални за време на гостувањето кај „Пирин“ во Благоевград во натпревар од Првата лига во Бугарија.

Поддржувачите на бугарскиот клуб држеа транспарент на кој пишуваше „Навални значи слобода“ во текот на првото полувреме.

За навивачите Левски Софија веќе одамна се знае дека се „анти-Путин“ ориентирани. Минатата година навивачите протестираа против одлуката на клубот да игра натпревари со руски екипи, а под нивен притисок управата на „Левски“ ги откажа натпреварите. Тоа не е случај за нивниот ривал, ЦСКА Софија.