Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните, Стоп за агресивниот државен пи-ар, Новинарството на удар, ние сме обединети се пораките што новинарите им ги упатија точно во 10.30 на министрите и функционерите во Владата.
На новинарскиот марш што го организираат ЗНМ и ССНМ новинарите и медиумските работници ќе го изразат незадоволството од нападите врз новинарите и снимателите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција и небезбедните услови во кои работат новинарите.
Во дел од тие барања, прво тоа што го говориме, стоп за негативен тренд за понижувачки говор од страна политичарите, стоп за агресивен државен ПР, ние мораме да ги отвориме институциите за да им помогнеме да се подобрат. Важна е и поддршка за колегите од внатрешноста, треба да најдеме системско решение што ќе помогне да се подобри квалитетот на новинарската рабата, не само во локалните медиуми, мора да се најде начин за да обезбеди системски пристап за подобри продукти, изјави претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски утрово пред почетокот на Маршот.
Изминатиов период новинарите се изложени на силни притисоци од високи функционери. Навредите стигнуваат од лидерот на ДУИ, премиерот Димитар Ковачевски, министерот Крешник Бектеши, а кулминираа на 4 февруари кога владините служби не им дозволија на новинарите да работат и да известуваат од одбележувањето на раѓањеро на Гоце Делчев.
На многу новинарски екипи, меѓу кои и екипата на Република, без образложение не им беше дозволено воопшто и да присуствуваат на настанот.