„Еве нека гледа цела јавност каков психопат е убиецот на дедо ми. Додека поминувам улица со татко ми прави селфи и сликата ја објавува на неговиот Фејсбук профил“, пишува на Инстаграм внукот на убиениот велешки бербер Жежовски. Ова е можеби најјезивата работа од целиот масакр кој е зад нас и кој докажува дека Палчо добро знаел што подготвува.
Македонската јавност е во шок по двојното убиство на велешанецот Панче Жежовски и тинејџерката Вања Ѓорчевска, но со откривањето на новите детали се откриваат нови морбидни генерации.
Имено, како што пишува на социјалните мрежи внукот на убиениот велешки бербер на Инстаграм, убиецот и првоосомничен за двете убиства Љупчо Палевски се сликал со него и татко му во Велес. Останува нејасен само тајмингот на фотографијата бидејќи според некои е направен откако се случи масакрот, а според некои неколку месеци порано. Во секој случај, едно е јасно: Палчо не се сликал со „обични минувачи“, туку со најблиската фамилија на жртвата.
„Еве нека гледа цела јавност каков психопат е убиецот на дедо ми. Додека поминувам улица со татко ми прави селфи и сликата ја објавува на неговиот Фејсбук. Објавете ја сликата нека гледа целата јавност“, заклучува внукот на убиениот велешки бербер Жежовски.
Повеќе може да погледнете во продолжение од објавите кои се шират на социјалната мрежа Твитер.
Палчо откако го убил Велешанецот направил селфи со неговиот внук и син на сред Велес без тие да знаат и сликава ја објавил на фејзбук pic.twitter.com/vAo9Xl0CK5
— ЗАБУШАНТ (@batekiko) December 4, 2023