Пожарот кој беснееше повеќе од 40 минути беше исклучително сериозен, од болницта се вадеа жртви дури и во болнички кревети, се слушаа лелеци и плач, но кој ќе ја преземе одговорноста за ова,за изгубените животи?

Уште во месец април економскиот директор на Клиничката болница Тетово, Артан Етеми информираше дека се утврдени грешки при изградбата на модуларната болница во Тетово и дека фирмата изведувач треба да ги отстрани.

Очигледно по трагедијата вечерва во која има голем број на жртви, никој не преземал ништо во однос на оваа информација, неодговорноста на власта ги чинеше смрт пациентите.