Во Белград неодамна се појави билборд со интересна порака од мајка.
Имено, таа одлучила јавно да му се извини на синот што не верувала дека еден ден ќе заврши факултет. По тој повод решила да изнајми рекламен простор и да му честита на својот син за успехот.
„Му се извинувам на мојот син Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Секоја чест синко, небото е граница. Мама Дијана“, пишувало на билбордот лоциран во Булевар Кнез Александар Караѓорѓевиќ.
На билбордот го ставила својот потпис и фотографија од нејзиниот син Марко кога бил дете. Нејзиното извинување и честитки набрзо станаа хит на социјалните мрежи.
Порталот Telegraf.rs открил дека станува збор за мајка чиј син студирал на Економскиот факултет 12 години. Мајката Дијана изјавила дека немал никакви проблеми со завршувањето на студиите, но дека во меѓувреме се вработил. Тогаш мислела дека тој никогаш нема да заврши факултет, па ветила дека јавно ќе му честита.
Jedna je majka pic.twitter.com/0ooLSsoZwW
— Ivana Božović (@bozovicspa) June 13, 2023