Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија”. Ова го напиша нa својот ФБ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители.

“Во касарната Илинден оддадовме почит на 8те припадници на резервниот состав и се потсетуваме на овој трагичен настан од 2001 година. Нивната храброст и одлучност да ја бранат татковината заслужува целосна почит. Почит за нивните семејства кои 25 години живеат со тага за загубата”, напиша Николоски..

 

Претходно почит беше оддадена на централна комеморативна манифестација кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково. Настанот беше  организиран од Општината Ѓорче Петров по повод 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.