Нов милионски скандал со владин загубар со директори од СДСМ и ДУИ се случува на крајот на старата и почетокот на новата година во една од владините институции која во последниве години ,,изеде” стотици милиони евра, пренесува Експрес.

Можниот ќар или популарно наречена ,,аванта” за инволвираните во повикот на Македонски Железници Инфраструктура според проценките на свиркачите од владината компанија се движи меѓу 6 и 10 милиони евра во зависност од цената на квадратот во најекслузивниот дел од Скопје.

Според тендерот објавен во период кога сите бизниси се на одмор или прославуваат некој ќе заработи огромен процент од матниог бизнис кој се одвива додека владата на СДСМ и ДУИ се соочува со сериозни обвинувања од дома и дипломатите за системска корупција.

Во моментов Македонски железници се на смртна постела но менаџментот на компанијата загубар каде директорите земаат плати по нас две илјади евра објавуваат крајно чуден тендер.

Директорите на МЖИ се поставуваат од владата на Ковачевски а нивни директен супервизор е министерот за транспорт и врски Благој Бочварски но во милионската ,,игра” според свиркачите се вмешани и моќни луѓе од ДУИ.

Технички детали

На крајот на старата 2023 година објавен е Јавен повик бр.6075/2 за склучување на договор за пренесување на правото за градење на објект со намена деловни простории за потребите на ЈП Македонски железници Инфраструктура.

МЖ Инфраструктура го нуди своето градежно земјиште од градежната парцела 1.2, дел КП 129/1, КО Центар 2, евидентирано на имотен лист број 181152 во Општина Центар.

Според објавениот повик градежната парцела е 3.179м2, површина на градба во основа 2001м2, максимална висна на објектот 25 метри, катност П+6, паркинг простор во состав на градежната парцела и максимална изградена површина од 9003м2.

Критериум за избор на најповолен понудувач за склучување на договор за пренесување на правото за градење е највисокиот понуден процент од бруто развиената површина кој ќе биде отстапен на ЈП МЖ Инфраструктура, а кој процент не смее да биде помалку од 23% од бруто развиената површина од 2071м2.

Односно, МЖ Инфраструктура ја нуди својата градежна парцела каде во моментов се наоѓа дирекцијата на претпријатието, во строг центар на Скопје на улица Јордан Мијалков, зад ТЦ Рамстор и Дајмонт мол за неверојатно ниски почетни 23% во ситуација кога просечно парцелите на таа улица се нудат за најмалку 40%.

Се бара понудувачот да извади одобрение за градба во рок од 9 месеци од Општина Центар.
Нема проект за изградба.

Се бара изградба по принципот клуч на рака.
Рок на изградба 24 месеци.

Зошто тендерот мора да биде поништен?

Со оглед на огромниот бизнис вреден стотина милиони евра неверојатно е дека рокот на самиот Јавен повик е многу краток односно 12 работни денови, што веднаш укажува дека ,,среќниот добитник” е веќе познат и тој одамна знаел да се подготвува за бизнисот.

Тендерот се објавува пред нова година, односно пред почетокот на Техничката влада.

Се барат превисоки банкарски гаранции од 100.000€ и 200.000€ за кои на фирмите им се потребни поголеми рокови за обезбедување од банките што повторно укажува дека некој однапред знаел да се подготви за условите на повикот.

Во овој најекслузивен дел на Скопје ваков вид на “компензации”, на сопственикот на градежната парцела му се нудат од 35% до 40% од изградениот објект.

Понекогаш кога се работи за шест спрата и атрактивна локација овој сооднос оди и до 50:50.

Условите на тендерот го наметнуваат клучното прашање: каде ќе заврши разликата од минимум 12%?

Цените на деловен простор во овој дел од Скопје се во нагорен тренд и засега може да се претпостави дека до завршување на тендерот разликата меѓу пазарните и условите дадени во повикот може некому да му донесе над 10 милиони евра.