На социјалните мрежи протекоа документи кои сведочат дека близок роднина, односно зет на сестрата на судијата Реџепагиќ, за само 5.000 евра добил на подарок фирма која поседува хотел кој чини милионска сума во Дојран. Името на овој хотел, како што се тврди е „Атлантик“, а како нотар на целиот овој договор се јавува сестрата на судијата Реџепагиќ.

Како што се вели во објавата, овој човек, Исмет Муминовиќ кој е зет за сестра на судијата, изминативе години земал минимална плата, а следствено на тоа се стекнал со ваква фирма, за која како што пишува на социјалните мрежи – поседува голем хотел.

Реакција на овие написи од споменатите инволвирани лица се уште нема, што значи дека се уште останува неоткриено дали сето ова е вистина или не.

Прашањата кои се јавуваат на социјалните мрежи се однесуваат на тоа како е возможно човек кој прима плата-минималец да добие фирма која поседува хотел и која е врската на судијата со истата?

Исто така на социјалните мрежи можеа да се видат коментари со апел до властите да се проверува и имотот на најблиските роднини до судиите и обвинителите, се со цел да се има увид во сите слични случаи.

Погледнете за што станува збор:

#СКАНДАЛ: Дали зетот на судија Реџепагиќ со плата од минималец во последните години, за само 5.000€ купува фирма со…

Posted by Скандал on Tuesday, June 1, 2021