Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеоргиевски, преку објава на „Фејсбук“ информираше за новите спортски терени наменети за средношколците, истакнувајќи дека создавањето современи и безбедни услови за спорт е важна инвестиција во младите.
Посебна гордост е кога визијата што ја имаме за младите добива вистинска форма и станува реалност“, напиша Ѓеоргиевски.
Тој посочи дека новите терени се изведени со висококвалитетни и издржливи полипропиленски подови, од ист тип како оние што се користеле на Летните олимписки игри во 2024 година, што овозможува поголема безбедност и професионални услови за тренинг, игра и натпреварување.
Ѓеорѓиевски нагласи дека спортот создава дисциплина, самодоверба, истрајност, тимски дух и силен карактер, поради што, како што наведува, ќе продолжи развојот и унапредувањето на спортската инфраструктура во училиштата и низ целото Скопје.
