Новиот тарифник кој се изгласа на 30-ти јануари, а стапи на сила на 15-ти февруари годинава сериозно удри по џебот на граѓаните. Веќе неколку дена низа на реакции на социјалните мрежи.
Поскапувања до 300 отсто
Новите поскапувања значат дека за упис на нов стан, во Агенцијата за катастар за имотен лист наместо 1.250 денари, граѓаните ќе платат најмалку 3.750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.
Сега, имотен лист во фаза на градба ќе чини 5250 денари, а бришење на предбележување услугата ќе изнесува 2625 денари.
„Далеку пореални“ цени
Претседателот на комората на геодети Никола Рибароски смета дека ова требало да се случи пред 10 години. Овие цени ги опишува како „далеку пореални“.
Да потврдуваме цените се далеку пореални од она што беше претходно знначи верувајте компаниите немаа никаква економска исплатливост да работат со тие цени и тоа е посебно изразено во последните две години со сите овие кризи, вели Рибароски.
Тој додава дека за ова поскапување апелирале и претходно.
Тоа е нешто што ние го кажавме и пред 2, или година ипол тогаш 300, 400% поскапеа податоците ние как окомпании сме должни да ги користиме тие податоци и да ги наплатиме од граѓанинот индиректно и тогаш нагласивме во неколку наврати, не се резонски поскапувањата, изјави Никола Рибароски претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.
Тарифниците ќе удрат директно врз џебот на граѓаните
Рибароски проблемот го адресира и во тоа дека дополнително ќе се појават паралелни геодетски компании.
„Законски е пропишано дека трошоците залиценца, си ги наплаќа комората сега со ова директорот ќе ги наплаќа на сметка на агенција за катастар, како е возможно тоа да го прави. А никој не му стои на патот што сака си прави без проблем, апсолутно ќе значи дека ќе имаме паралелни геодетски компании со овие две лиценци…“- изјави Никола Рибароски претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.
Од Агенцијата за катастар на недвижности појаснуваат дека зголемувањето било направено поради зголемените трошоци за струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување опрема, раст на платите, кои биле основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување геодетски работи.
Граѓаните се тие кои ќе мора да платат поскапо откако Катастарот го воведе новиот тарифник.
Од АКН објаснуваат дека последниот тарифник е донесен во 2014-та година, па оттука се правдаваат дека овие цени се должат на „реалните трошоци“.
Кои се цените за геодетски услуги?
Во продолжение може да погледнете и фотографија од поскапувањето.