Голема карпа се урна на пешачката патека покрај реката Брегалница. Свлечиштето се појавило синоќа околу 22 часот и не е безбедено да се поминува и пешачи на патеката од населбата Ново Село до фитенс зоната.

Вршителот на должност директор на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов на прес-конференцијата рече дека одронот е резултат на обилните врнежи од дожд и снег.

-Бидејќи има уште надвиснати карпи на пешачката патека, ние како ЈП „Стипион“ ја блокираме патеката, односно е забранета за движење од местото каде се поставени справите, па се до Ново Село. Во првата прилика, кога стручни лица ќе кажат дека местото, каде што е одронот не е опасен за работење, со посебна машина клукач ќе гледаме да ги срушиме карпите, кои се надвиснати со цел патеката да можеме да ја ослобидиме, односно да биде слободна за движење, вели Ефтимов.

На местото каде што е одронот се наоѓа и тунелот, кој води до тврдината „Исар“, токму, како што вели Ефтимов, поради овие причини ќе се ангажираат и геолози, кои треба да дадат стручно мислење. Поставени се и црвени ленти, кои пешаците и велосипедистите ги предупредуваaт дека не смеат да се движат на овој дел од клисурата на реката Брегалница, која ги поврзува населбите Ново Село и Осми Ноември.

Штипјани патеката ја користат за рекрекреација во сите сезони од годината, бидејќи се поминува по живописна природа низ клисурата на реката Брегалница.