Инцидент на булевар „Трета македонска бригада“ привлече полициска интервенција
На 6 април 2025 година, скопската полиција спроведе брза и ефикасна акција. Реакцијата е по добињето пријава за „диви трки“ и екстремна бучава на булеварот „Трета македонска бригада“.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Скопје, неколку возила се движеле со голема брзина и предизвикувале сериозно нарушување на јавниот ред и мир.
Полицијата одзеде „Крајслер“ што дрифтал на „Партизанска“ во Скопје
Привремено одземени 10 возила – сомнение за техничка неисправност
Екипите од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје веднаш реагирале на терен. При контролата се сопрени и привремено одземени 10 патнички моторни возила. Причината за одземањето е основано сомнение дека возилата се технички неисправни.
Возилата ќе бидат детално проверени
Сите одземени возила ќе бидат транспортирани до станица за технички преглед, каде стручни лица ќе извршат детална проверка. Ќе се утврдува дали возилата ги исполнуваат законските услови за учество во сообраќајот и дали бучавата е резултат на технички модификации што не се дозволени.
Полицијата најавува засилени контроли
СВР Скопје најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел спречување на вакви опасни и вознемирувачки појави, особено во урбаните средини каде е загрозена безбедноста на граѓаните.
Полицијата апелира до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и да не учествуваат во „диви трки“, кои претставуваат директна опасност по животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.
Извор: Курир