Заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Ден Скавино, на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред карта на Украина. На картата, јасно се прикажани регионите кои ги контролира Русија во точни проценти – Херсон 72% под руска контрола, Запорожје 73%, Доњецк 75%, Луганск 99% и Харков 4%.
Зеленски, пак, во своето обраќање истакна:
„Му покажав на претседателот Трамп пар неколку нијанси на картата, му благодарам за оваа карта. Не знам како ќе ја однесам дома. Се надевам дека ќе најдеме решение за сите прашања, вклучително и територијалните“.