Утринава низ центарот на Охрид се прошета гол човек на возраст од околу 50 години, истовремено со прошетките на неколку странски делегации, кои учествуваат на „Преспа форум дијалог“. Читател до редакцијата на СДК.мк испрати фотографии од неговата прошетка по градскиот плоштад до нашата редакција, а вели и дека имало неколку пријави до полиција за настанот.
Денеска, тој се соблекол на плоштадот и ги оставил панталоните на рекламно пано, пред да почне да шета.
Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и целиот македонски државен врв.