Спасувањето на преживеаните кои останаа заробени под урнатините по страшниот земјотрес што пред два дена опустоши делови од Турција и Сирија се уште е во тек.
Повеќе од 9.500 луѓе загинаа, а околу 40.000 се повредени, но се стравува дека овие бројки ќе бидат многу поголеми.
Спасувачите со помош на граѓаните се уште копаат по урнатините и ги извлекуваат преживеаните, а штотуку пристигна веста дека по 52 часа од урнатините е извлечено осумгодишно момче.
Јигит Чакмак бил закопан под урната зграда во Хатај, Турција, а откако бил извлечен, мајка му цврсто го прегрнала и плачела од среќа.