Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора, дознава Курир.

Тоа значи дека се невистинити објавите од одредени портали и профили на социјалните мрежи дека Мицкоски или негови блиски поседуваат било каква „луксузна вила“, „замок“ или било каков недвижен имот во Хрватска или Црна Гора.

Како што дознаваме, премиерот Мицкоски нема купено, нема наследено, ниту на било кој начин располага со недвижен имот во овие држави. Ниту тој, ниту било кој член на неговото потесно семејство.

Фотографиите и локациите што се користат, со цел да се изманипулира јавноста, се злоупотребени. Објавените фотографии се од објекти кои се во сопственост на сосема други правни и физички лица или на државни институции на Хрватска и тоа е лесно проверливо со јавно достапните имотни книги и катастарски податоци.

Вилата за која велат дека е на македонскиот премиер, прво била во сопственост на Град Загреб, а сега се наоѓа во сопственост на државна институција во Хрватска.