(ФОТО) Ова е сопственикот на дискотеката – шупа во која изгореа над 60 млади лица!

Македонија 16.03.2025. 15:10

Сопственикот на дискотеката е уапсен

Од МВР стигна потврда дека е уапсен сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според информации на Радио Лидер, името на сопственикот е Дејан Јованов – Деко. Во сопственичката структура имало повеќе лица, а дозволата за работа му била до 24 март. Според информациите до кои стигна Радио Лидер, Јованов кој бил еден од сопствениците на дискотеката имал и останати бизниси како кафулиња, но и компании во останати дејности.

Според неофицијални информации, сопственикот на дискотеката Јованов пробал да бега во соседна држава.

Трагедијата која се случи ноќеска вклучува стотина повредени лица. Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни. МВР ги приведува сите вклучени во организацијата на концертот. Бројот на жртви постојано расте.

Пожарот според неофицијални информации настанал од употреба на пиротехнички средства, се запалил оган, а потоа настанало стампедо. Дел од лицата починале бидејќи се задушиле.

Еве како изгледа дискотеката во Кочани утрово

Семејствата молат за помош

Во меѓувреме, дел од семејствата молат за помош.

Објавен е список на пренесени деца од Кочани и Штип во скопските болници. Ова следува по барањата на семејствата за какви било информации за нивните најблиски кои биле во дискотеката која се запали синоќа.

(ФОТО) Објавени списоци на пренесени деца од Кочани и Штип во скопските болници

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, изрази длабока тага за трагедијата каде пожарот во Диско клубот Пулс однесе многу млади животи. Тој го нарече овој ден „тежок и многу тажен“ за Македонија, повикувајќи на заедништво и поддршка за семејствата на жртвите и за повредените, додека Владата се мобилизира за помош и утврдување на причините.

Мицскоски: Тежок и многу тажен ден за Македонија – загубата на толку млади животи е ненадоместлива, сочувство до семејствата на жртвите и брзо закрепнување на повредените

Премиерот изрази надеж во духовна утеха.


Останати вести од Македонија