Креативен кумановец се обиде да го измами „Сејф сити“
Во Куманово, еден возач решил да го „збуни“ системот Safe City на наједноставен можен начин: ја свртел регистрациската табличка наопаку.
Дали ова е генијален хак или само класичен обид за „ајде да видиме што ќе се случи“, прашува Експрес?
Камерите веројатно веднаш го регистрирале превртеното возило, но сепак – идејата е креативна, но и типично балканска.

Проектот Safe City продолжува да се шири и да снима, а граѓаните на секаков начин пробуваат да ја одбегнат новата реалност.
Кој знае – можеби следниот пат ќе пробаат нешто уште поиновативно.
