Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, откако хеликоптер се урна во близина на градинка во источното предградие на главниот град Киев.

Покрај министерот Денис Монастирски, загинаа и неговиот заменик Евген Јењих и државниот секретар Јуриј Лубковиќ.

 

Меѓу жртвите има три деца, а уште 10 од нив се во болница.

Началникот на националната полиција Игор Клименко на Фејсбук напиша дека хеликоптерот и припаѓа на украинската државна служба за вонредни состојби.

По падот, во близина на градинката избувнал пожар, а децата и вработените биле евакуирани од зградата. Остатоците од хеликоптерот биле видливи пред запалената зграда.

Во моментот на падот било темно и магливо, а првичните извештаи сугерираат дека хеликоптерот удрил во градинката пред да се урне во близина на станбена зграда.

 

Дваесет и две лица беа пренесени во болница, меѓу кои и 10 деца, рече Клименко.