Во ценатрот на Скопје претпладнево падна дел од фасадата на зграда. Повредени нема. Од Центарот за управување со кризи предупредуваат дека има опасност од паѓање и на другиот дел од фасадата на зградата на улицата Димитрие Чуповски кај Табако Жан Мар во близина на Министерството за правда.

Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна постапка.

Од Општина Центар велат дека нивни екипа е излезена на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа.