Екипата на Интер по пауза од тринаесет години одново ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Момците на Симоне Инзаги го добија четвртфиналниот двомеч со Бенфика и така остануваат во игра за најпрестижниот трофеј, кој Интер го освои токму во сезоната 2009/10.

На трибините на „Џузепе Меаца“ синоќа беше лудо, фановите ги бодреа своите миленици, а во ложата присуствуаа три легенди на клубот, меѓу кои и нашиот Горан Пандев. Освојувачот на Лигата на шампионите заедно со Милито и Паласио го следеа реванш дуелот со Бенфика и на крај го прославија пласманот во полуфиналето.