Дванаесет планинари вчера изградија нов импровизиран мост преку Лешничка река во месноста Лешница на Шар Планина откако истиот таков премин беше целосно оштетен и неупотреблив минатата недела, објави порталот „ТетовоИнфо“.

Потфатот го организираа членовите на планинарското друштво „Игл“ (Eagle) со помош и поддршка на колегите од планинарскиот клуб „Тетекс“.

– Овој мост е важен за движењето на планинарите, посетителите и туристите, кои сакаат да ја посетат Лешница, а ја користат планинарската патека која почнува од селото Бозовце. Ако нема мост нема да може да се премине реката во периоди на годината кога има повеќе вода – изјавил Сервет Даути од планинарското друшво „Игл“.

Погледнете каков беше мостот претходно: