По ноќта исполнета со музика, радост и илјадници граѓани кои ја славеа независноста на Македонија, грижата за Скопје продолжи до раните утрински часови.

– Веднаш по завршувањето на светскиот спектакл, екипите на Град Скопје започнаа со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк. Со многу труд и посветеност, се погрижија зад големата прослава да останат убавите спомени, а утрово просторот повторно да биде чист и уреден. Упатувам искрена благодарност до секој работник кој ноќта ја помина на терен. Нивниот труд, честопати далеку од вниманието на јавноста, заслужува почит од сите нас, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Скопскиот градоначалник вели дека за нив, крајот на еден настан никогаш не е крај на обврската кон градот.



