Официјално почна обукате на пожарникари што ја организира Владата за 364 лица низ 13 града и 28 општини

Почна обуката на пожарникари за лица селектирани преку јавен оглас што претходно го распиша Владата. Обуката официјално стартуваше денеска и ќе ја посетуваат вкупно 364 лица, од кои 34 се во Скопје. Сите учесници ќе поминат теоретска и практична обука, по што ќе добијат официјален сертификат за гаснење пожари. Според најавите, обуката ќе им овозможи да бидат оперативни за справување со пожари низ цела Македонија.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно најавија дека ангажманот на лицата ќе биде сериозен и финансиски поддржан од Владата.

„Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија.Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник. Обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат спремни за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Програмата се спроведува на национално ниво, а фокусот е зголемување на брзината и ефикасноста на интервенции при пожари.

Со оваа обука на пожарникари, надлежните очекуваат подобрување на капацитетите за заштита и спасување на терен.