Полицијата повторно во акција
Синоќа околу полноќ полицијата повторно во акција.
Кај Свети Николе, бил пресечен транспорт на околу 200 килограми марихуана, неофицијално во возило со швајцарски ознаки кое полициски екипи при БЈБ – МВР составени од припадници на Организиран криминал и САЕ Тигар блокирале три возила од кои едно со швајцарски ознаки и две со македонски ознаки односно регистарски таблици.
Според нашите информации швајцарското возило било качено на македонско шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот.
Според првичните неофицијални информации најверојатно веројатно се работи за организирана криминална група која делува на територијата на Mакедонија и соседните земји.
Македонската полицијата во текот на овој месец спречува втор канал на транспорт на недозволена трговија со дрога, на почетокот на Јануари беа откриени 10 килограми кокаин во соецијално направен бункер во возило.


