Македонија е завиена во црно. Тагува целиот регион. Денеска освен во Македонија, ден на жалост е и во Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина. Една од државите која најмногу ни помогна е Србија. Благодарност до нашата соседна држава, но дали претседателот Александар Вучиќ претера откако се снимаше меѓу пациенти со изгореници?
Појавувањето со камери меѓу изгорените пациенти предизвика жестоки реакции кај српската и македонската јавност.
До редакцијата на Радио Лидер пристигна сведоштво дека роднините на блиските не биле пуштени да влезат во критичниот оддел каде се сместени пациентите, но затоа пак бил пуштен Александар Вучиќ со новинари? Дали Вучиќ претера со големиот маркетинг кој го направи со оваа „помош“? Дали целта е дефокус на српската јавност од тамошните протести?
Се отвораат многу прашања
Зошто Вучиќ ги снима повредените, а ниту еден политичар од соседните земји кои помогнаа не го направи тоа?
Како било забрането роднините на блиските да ги видат своите најблиски, а му било дозволено на Вучиќ со новинарски екипи?
Дали ова Вучиќ сака да си направи ПР и дали ова е направено за дефокус на српската јавност поради што се случуваат историски најголемите протести во Србија?
Србите со коментари. Повеќе може да погледнете од фотографијата во продолжение.
„Кој ти дозволи да ги снимаш пациентите во оваа состојба“, прашуваат Србите?
„Извинете браќа Македонци. Сега знаете против што се бориме овде. Прифатете го моето искрено сочувство и се надевам дека овој немил инцидент нема да предизвика никакви компликации за повредените деца кои се на лекување овде во Србија“, вели еден Србин во една од бројните реакции на социјалните мрежи.
Ги пративме да ги лечат, а не со нив да се прави ПР велат дел од Македонците кои исто така реагираат на фотографиите од Вучиќ во болницата.
Никаде каде што има пациенти испратени по пожарот во Кочани не видовме политичари освен во Србија. Секаде има само соопштенија или лекари од болнците даваат изјави за медумите, но надвор од болнците, се потенцира во една од реакциите.