Пожар избувнал во кругот на фабриката Цементарница Усје во Кисела Вода.

На терен интервенираат противпожарни возила и пожарникари.

Од првичните неофицијални информации, нема повредени.

Најверојатно станува збор за спој на електрична енергија, поради што настанал пожарот.

Детали се најавуваат за подоцна во текот на денот.