Историјат на промени Сара Инженеринг ДОО Струмица
-Во последните две години фирмата имала загуби од 16 до 65 илјади евра, и двапати поголеми обврски од капиталот на фирмата. Во 2020 година приходите на фирмата биле само 4.800 евра. Фирмата должи и околу 560 илјади евра за неплатени даноци према државата односно кон Управата за јавни приходи.
Вице Заев бил континуирано косопственик во оваа фирма од 2010 година, за да ја отуѓи истата со неисплатен долг кон Еуростандард банка само неколку месеци откако банката се затвори минатата година. Земени пари за да не се вратат.
Паралелно на тоа, фирмата за производство, трговија и услуги Фероцем Плус ДОО Струмица била основава во јуни 2017 година од Трајче Заев и Јанко Јанев. Оваа фирма должи на Еуростандард банка околу 360 илјади евра и нема платено ништо 348 дена пред затворање на банката минатата година. Како единствено обезбедување за кредитот се води обична меница. И откако банката се затвори во август минатата година, веднаш потоа, после два месеци оваа фирма се преименува во Абира Плус ДООЕЛ, со седиште преместено од Струмица во Куманово. Добива и нов сопственик и управител, Родна Димова, холандски државјанин со живеалиште во Холандија.
Историјат на промени Фероцем Плус ДОО Струмица
Билансите на оваа фирма говорат дека минатата година таа немала никакви активности, ниту приходи ниту расходи. Фирмата има еден вработен. Оваа фирма има и долгови од неплатени даноци према државата односно кон Управата за јавни приходи во износ од околу 1.650.000 евра.
Како тоа Трајче Заев, братучедот на премиерот Зоран Заев, ја отуѓил фирмата која имала земено кредит на основа на меница и сега е презадолжена да не може ништо да се наплати? Дали со преименување на фирмата и промена на сопствеништвото се планирало да се сокрие долгот и трагата на парите?
Дали сето ова погоре е причината за молкот на Владата и на сите релевантни државни институции за грабежот на депозити од Еуростандард банка!? Повеќе од 14 месеци се соочуваме со координиран молк. Молчат сите. Молчи Владата, Финансиската полиција, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Народна банка. Ограбени личните парични средства на 780 семејства и 2.000 правни лица позади кои егзистираат или се во тешка незавидна состојба неколку илјади семејства.
Нели се залагаме да имаме едно општество за сите, да има правичност и правда? Какви се тоа заложби кога за организиран криминал тежок 60 милиони евра, за докази достапни на истражните органи, за толерирање и молчење за спроведениот организиран криминал од гувернерката и Народна банка, за сопствениците и менаџментот на Еуростандард банка кои ги поделиле нашите пари со сопствениците на 149 фирми, нема никаква одговорност повеќе од една година!? Како да не постоиме, како да не сме битни, како да не сме дел од тоа општество. Излажани и покрадени, оставени да се снаоѓаме како знаеме и умееме.
Премиере, се извинуваме што вака Ве вознемируваме пред избори. Мислевме дека ќе проговорите на нашите апели до Вас, но ете, не добивме одговор. Организираниот криминал има свое име и презиме, а ние продолжуваме со нашата борба за правичност и правда.
п.с. Во прилог извадок од Централниот регистар за горе споменатите компании, како и 2 слики каде хронолошки се објаснуваат најважните активности, пишуваат република.мк.