Убави вести доаѓаат од скопската Зоолошка градина.
Зоо скопје на социјалните мрежи објави дека имаат принова кај најмалите мајмунчиња на светот. Еден од нивните парови џуџести мармозети доби близначиња.
-Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа и двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група, велат од Зоо Скопје.
