Двајца мажи од Куманово и од Скопје беа приведени на автопатот Табановце–Куманово, откако полицијата кај нив пронајде поголема количина брендирана стока и рачен алат без соодветна документација

На 14 декември 2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ лишија од слобода двајца мажи по два одвоени инцидента на автопатот Табановце-Куманово.

Првиот настан се случил кога полициските патроли сопреле патничко возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. (38) од Куманово. При прегледот на возилото, биле пронајдени 272 парчиња различна брендирана стока без соодветна документација. Стоката била одземена, а возачот Б.И. бил лишен од слобода.

Во вториот инцидент, полициските службеници сопреле патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (41) од Скопје. При контрола, во возилото биле пронајдени 174 парчиња рачен, батериски и електричен алат, исто така без документација. Возилото и алатот биле одземени, а возачот бил приведен.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.