На социјалните мрежи денеска се појави фотографија од ранетиот Раде Трајковски – Штекли на која тој е насмеан и расположен, објави Фокус.
Фотографиран е во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје каде тој заврши по неодамнешниот втор обид за негова ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт“. Беше опериран и мораше да му биде отстранет дел од белите дробови.
Инцидентот во молот се случи на 24 октомври, а кон него и кон неговиот познаник со прекар Колумбо пукаше засега непознат напаѓач кој се уште е недостапен на органите на прогонот.
Штекли, според информациите, денеска ја напушта болницата.
Раде Трајковски – Штекли, се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази и тој не беше обвинет.