Во рамките на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржа свечен и празничен настан кој внесе радост и насмевки кај најмладите. Дедо Мраз пристигна со хеликоптер, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и припадниците на Армијата.

Facebook/Vlado Misajlovski

За настанот информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој на социјалната мрежа Фејсбук сподели дека детската возбуда и искрените насмевки ја исполниле празничната атмосфера и го создале вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени.

-Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата. Нивната возбуда и насмевки ја исполнија празничната атмосфера и го создадоа вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени.

Во пресрет на Новата година, традиционално, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, остваривме видеоконференциска врска со нашите мировници кои во моментов извршуваат задачи во мисиите и операциите во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија.

На видеоконференцијата, на која присуствуваа и членови на нивните семејства, упативме пораки на поддршка и признание, со јасна определба дека и понатаму ќе се грижиме за нив и за нивните семејства. Нивната посветеност и храброст се силна потврда за нивната улога и значење, напиша Мисајловски.