Петнаесет патници од Србија се повредени утрово околу 5 часот кога автобус со српски туристи се превртел на автопатот 53 во Унгарија. Во возилото имало 55 патници и двајца возачи.
Дванаесет патници завршиле во болница, а на тројца им била укажана помош на лице место.
Меѓу повредените патници има и две деца, кои исто така се пренесени во болница.
На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец, а потоа со полна брзина се превртел.
Како што можете да видите на фотографиите, автобусот завршил во грмушките покрај патот, целосно превртен на страна.
Пожарникарите, како што дознаваме, ги извлекле патниците низ шофершајбната.
Несреќата се случила околу 3 часот и 30 минути, а туристичкиот автобус бил на пат кон Будимпешта. Патниците кои не се повредени од Брза помош и полиција биле пренесени на привремено сместување.